Балкан

Турција се сомнева дека организаторот на неуспешниот пуч во 2016 година се крие во Германија

Турските власти имаат сериозен сомнеж дека наводниот организатор на неуспешниот обид за државен удар во 2016 година се крие во Германија, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.

14.06.2018 10:00:04

Турските власти имаат сериозен сомнеж дека наводниот организатор на неуспешниот обид за државен удар во 2016 година се крие во Германија, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера рече дека Германија издала налог за потрага по Адил Јоксуз.

- Тоа што Германија треба да го стори откако ќе го пронајде, е да ни го предаде според договорите и законот, изјави Чавушоглу.

Турција го обвинува исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, за организирање државен удар, иако тој ги отфрла обвинувањата. Јоксуз, поранешен универзитетски лектор, е обвинет од Анкара дека е еден од оние кои го организирале ободот за пуч.

Турски медиуми, повикувајќи се на неименуван извор, јавуваат дека Јоксуз се крие во стан во Берлин.