Македонија

„Едно име имаме“ – Граѓани излегоа на улица против промена на името

Стотици граѓани се собраа пред законодавниот дом во знак на протест против договорот за промена на името на државата.

13.06.2018 23:05:07

Стотици граѓани се собраа пред законодавниот дом во знак на протест против договорот за промена на името на државата. Скандирајќи „предавници“, со запалени бакли и пеејќи македонски патриотски песни насобраните граѓани побараа оставка од Владата.

Дел од граѓаните пред објективот на Алфа велат дека името не смее да се промени. Тие сметаат дека ако условот за влез во ЕУ и НАТО е промена на библиското име, Македонија не треба да бара да биде дел од европското семејство. Денеска протести се оддржа и во Битола и Прилеп.