Македонија

Реакција на Влада на РМ: За македонската иднина не одлучува Иванов, туку граѓаните

Владата на Република Македонија со жалење констатира дека Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста не успеа да се издигне над сопствената немоќ

13.06.2018 22:42:34
Владата на Република Македонија со жалење констатира дека Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста не успеа да се издигне над сопствената немоќ и да ја види перспективата што се отвора пред нашата држава со договорот што овие денови го финализираа и го договорија владите на Република Македонија и на Република Грција, наведува Владата на РМ во реакција за денешното обраќање на Претседателот Иванов, кој рече дека текстот на договорот со Грција е штетен и нема да го потпише. 

- Наместо да ја кочи македонската иднина и да ја турка нашата земја во изолација, најдобро е Иванов сам себеси да се изолира од политичката сцена. Свои сме на своето и тоа конечно е признаено од сите наши соседи, од Република Грција и од меѓународната заедница, пишува во реакцијата на Владата на РМ на обраќањето на Претседателот  Ѓорге Иванов.

 

Reakcija na vladta na RM:Za makedonskata idnina ne odlucuva Ivanov,tuku graganite

Од: Hristo Neshkovski

Време: 14.06.2018 01:33:43

Коментар: Zar ne beshe Zoran Zaev pred izborite da rece:Duri me drzi pametot nema da go smenam imeto na drzavata i identitetot na narodot!!??Sega pod dejstvo na onie koi go postavija odnadvor za premier menuva se zivo samo da muse dodvoruva nimi i se rasfrla so ime,identitet duri i raboti koi se zabelezani vo ON gi preimenuva samo da mu ugodi na Juzniot sosed ,Eu i NATO i na Pravoslavieto!!?Kakvi prodadeni dushi se ovie nekolkumina od vladata,pregovaraat bez da go informiraat predsedatelot na drzavata koj e izbran so najpoveke glasovi od site pratenici i premieri i ima ogromno znacenje vo SAD ili Rusija,Francija i drugi zemji.Duri Hang mu se zakanuva na predsedatelot kako clen na EU,deli diktaturi!!Blagodaram.