Македонија

Ексклузивно: Aлфа го објавува договорот за името

Република Север Македонија, а не Северна е името кое стои во договорот меѓу Заев и Ципрас.

13.06.2018 23:05:48
 Република Север Македонија, а не Северна е името кое стои во договорот меѓу Заев и Ципрас . Па така наместо Northern или Северна во договорот пишува North или Север Македонија  што е лингвистичка разлика.

Во договорот од 19 страници до кој дојде  Алфа, Македонија целосно се откажува од античкиот период. Ќе се отстранува секаде каде што стои симболот на знамето Сонцето од Вергина. Тоа значи дека нема да смее да се користи знамето на јавни настапи, организации или политичките партии, ќе треба да се отстранува од табли и секаде каде што го има, затоа што според Грција тоа е иредентизам и ќе биде прекршен договорот меѓу двете страни.  Шест месеци откако договорот ќе стапи на сила Втората страна во договорот или Македонија ќе треба да направи увид и преименување на сите статуи, згради и инфраструктури кои се поистоветуваат со Хеленистичкиот период и Грција, а меѓу нив е проектот скопје 2014-та  стои во договорот. Единствено артефактите не се дел од овие одредби.  

Македонскиот јазик останува како македонски и не се оспорува само затоа што со договорот спаѓа во групата Јужно Словенски јазици. Во договорот стои – националност , Македонец , граѓанин на Република Север Македонија. 

Ветото од Грција останува како можност за попречување кон евроатлантскиот пат. Во договорот пишува дека Грција ќе и даде поддршка на земјата за влез во НАТО , но таа поддршка е условена. Земјата е обврзана да спроведе референдум и да ги исполни сите услови од договорот, доколку не го спроведе тоа Грција сепак ќе може да ја спречи Македонија кон ЕУ и НАТО. 
 

suverenitet

Од: Kire

Време: 14.06.2018 12:34:18

Коментар: So dogovorot Makesonija Grcija se ukinuvau UNITARNIOT karakter na drzavata koj e garantiran so ustavot na R M SE PREMINUVA NA GRAGANSKI[site nacionalnosti ke bidatGRAGANI NA SEVERNA MAKEDONIJA I ALBANCI I ROMI I TURCI MAKEDONCI , SITE.toa ke e olesni i ovozmozi dvojazicnosta,