Спорт

НБА тренерска легенда на клупата на Торино

Легендарниот кошаркарски тренер Лери Браун од следната сезона ќе ја предводи италијанската екипа Фиат Торино.

13.06.2018 21:51:41

Седумдесет и седум годишниот Браун по две години пауза повторно се враќа на тренерската клупа и за прв пат во кариерата ќе има можност да води една екипа од Европа.

"Се решивме да го избереме Браун бидејќи тој ја има добитната комбинација на квалитет, талент и кошаркарска култура. Веруваме дека кошаркарскиот јазик е универзален и дека некој како Браун ќе ни донесе успех", изјави потпретседателот на Торино, Франческо Форни.

Браун како играч освоил злато на Олимписките игри во 1964 година,  а како тренер има сребро и бронза. Во 2004-тата триумфираше во НБА лигата како тренер на Детроит, а во 1988-та го предводеше тимот на Канзас, кој ја освои титулата во НЦАА.

Торино во минатата сезона во националното првенство беше 11-ти, а се очекува во следната да биде дел од Лигата на шампиони во организација на ФИБА.