Спорт

Македонија ја елиминираше Романија и го откажа Пасквал

По елиминацијата во баражот за пласман на Светското првенство во ракомет, селекторот на репрезентацијата на Романија, Чави Пасквал си поднесе оставка.

13.06.2018 21:27:10

"Јас го обновив договорот со Барселона и ќе продолжам да работам таму. Бидејќи ќе имам обврски и во репрезентацијата и во клубот, нема да можам да ги извршувам понатаму и двете функции. Имам само благодарни зборови на играчите и на сите вклучени. Можеби ракометарите ги немаат резултатите кои сите ги очекуваат, но земјата е горда на нив. Им благодарам и на сите од мојот стручен штаб, бидејќи не е лесно да се работи со мене. Како што вели жена ми, јас сум комплицирана личност. Луѓето од Федерацијата знаат дека можат да продолжат да сметаат на помош од мене. Благодарност и за мојот клуб, кој ми дозволи да го имам ова искуство", изјави Пасквал.

Шпанскиот тренер на чело на романската репрезентација дојде со цел националниот тим по подолга пауза да го врати големата сцена, но по не успехот во квалификациите за Европското првенство, Македонија беше пречка, Романците да се пласираат на Мундијалот.