Спорт

Мундијалот во 2026 ќе се одржи во Северна Америка

На денешниот конгрес на ФИФА донесена е одлука за домаќинот на Светското првенство што ќе се одржи во 2026 година.

13.06.2018 21:22:32

Заедничката кандидатура на Мексико, САД и Канада освои вкупно 134 гласа и трите земји ќе бидат организатори на Мундијалот што ќе се одржи за осум години. Противкандидатот Мароко, кој и пред гласањето имаше минимални шанси доби 64 гласа од земјите членки на Светската фудбалска федерација.

Канада за прв пат ќе има можност да биде домаќин на најдобрите фудбалери на светот, САД беа организатори на шампионатот во 1994 година додека за Мексико ова е трет пат по првенствата во 1970 и 1986.

Ова ќе биде прв пат три земји да бидат домаќини откако во 2002 коорганизатори беа Јапонија и Јужна Кореа. Шампионатот во 2026 ќе биде првиот на кој ќе настапат 48 репрезентации, а според планот во САД ќе се одржат меѓу 60 и 80 натпревари, а остатокот ќе се играат во Канада и Мексико.