Спорт

Лемар постигна договор за трансфер во Атлетико Мадрид

Мадридски Атлетико го договорил трансферот на францускиот репрезентативец Томас Лемар, кој до оваа сезона го носеше дресот на Монако.

13.06.2018 21:11:54

Детали околу договорот се уште нема но се шпекулира дека клубот од шпанската престолнина на францускиот прволигаш ќе му исплати сума меѓу 70 и 80 милиони евра, Лемар на Ванда Метрополитано би требало да остане во следните пет години.

Трансферот на Лемар во Атлетико е сосема неочекуван бидејќи се сметаше дека тој е многу блиску до преселба во Англија, а за него заинтересирани беа Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити.