Спорт

Одбојкарите атакуваат на првото злато во Европската лига

Македонската машка одбојкарска репрезентација ги финишира подготовките за настапот на завршниот турнир во Сребрената европска лига.

13.06.2018 21:09:25

"Доаѓа најдоброто и најубавото, она за што трениравме од 8 мај, она за што зборуваме цело време уште од кога го добивме Ф4. В петок се среќаваме со Хрватска, ја посакувавме, ја знаеме повеќе од Белорусија. Ги познаваме нивните играчи, го имаме Љафтов кој беше таму, нашиот селектор исто така таму беше тренер. Се надевам дека в петок ќе бидеме во максимална форма. Во овие денови да се фокусираме на нашите предности и со срце да успееме да победиме, а потоа да размислуваме за сабота и за злато. Наш сон е златен медал. Оваа генерација која игра од 2013 година заедно, им го пренесува победничкиот менталитет и на новите момци. Имавме одлични подготовки и го заслужуваме златниот медал и мислам дека ќе го оствариме тоа", изјави капитенот на нашата селекција, Никола Ѓоргиев.

Полуфиналето против Хрватска се игра в петок во салата на СРЦ Кале и почнува во 20 часот, а влезот за сите заинтересирани да го следат овој дуел е бесплатен.