Свет

Премиерот на Грузија поднесе оставка

Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили денеска поднесе оставка, поради несогласувања со лидерот на владејачката партија Гризиски сон, Бидзина Иванишвили, кој е поранешен премиер и најбогат човек во Грузија.

13.06.2018 18:38:57

- Решив да се повлечам од местото премиер на Грузија, изјави Квирикашвили, кој ја извршуваше функцијата од 30 декември 2015 година.

Тој посочи дека причина за оставката се „некои несогласувања“ со Иванишвили.

- Мислам дека сега доаѓа моментот кога лидерот на партијата ќе има можност да состави нов кабинет, рече Квирикашвили.