Македонија

Најавени протести во Атина и Преспа против договорот

Грција се организира за протетести, поради незадоволство од договорот.

13.06.2018 18:23:02
Грција се организира за протетести, поради незадоволство од договорот.  На социјалните мрежи и на грчките медиуми се најавува дека на денот кога Македонија и Грција ќе го потпишат договорот во Преспа, тие ќе одржат протест, а веројатно тоа ќе биде в сабота. 

- Ако Ципрас се обиде да оди во Преспа, онаму каде што се светите останки на Павлос Мелас и на останатите македономахи  што ги дадоа нивните животи за слободата на татковината, соопштуваме дека ќе бидеме таму, десетици илјади за да не дозволиме да се потпише договорот, соопштуваат од „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“. 

Тие  ги повикуваат, преку социјалните мрежи, граѓаните да им се придружат, а пратениците да си дадат оставка од нивните пратенички места.