Македонија

Вартоломеј: Постоењето раскол не е аргумент да напуштиме еден народ

Индикативно, токму во овој клучен момент се појави и Вселенскиот Патријарх.

13.06.2018 18:06:29

Индикативно, токму во овој клучен момент се појави и Вселенскиот Патријарх. Постоењето раскол не е аргумент да напуштиме еден народ, рекол Вартоломеј, на литургија по повод чествувањето на празникот на Светите Апостоли  Вартоломеј и Варнава. 

- Кога еден од нашите браќа се оквафлификува како расколник или еретик, а уште повеќе кога цел еден народ, милиони луѓе, се надвор од нормалната црква врз основа на тој раскол, тогаш е потребен итен и неодложен повик на духовно будење. Апостолска должност на мајката црква е да бара начини за спас на нашите браќа во Скопје и во Украина. Наша должност и одговорност е секогаш народите да ги вратиме кон вистината и кон канонските рамки на црквата, грчката новинска агенција АНА-МПА. Вселенскиот патријарх повикал на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство.