Македонија

Иванов: Нема да поддржам и да потпишам ваков штетен текст на договор

Ваков штетен договор, единствен во историјата на човештвото за мене е недостоинствен и непрофатлив.

13.06.2018 17:36:41
Претседателот Ѓорге Иванов денеска оцени дека договорот со Грција е штетен за Република Македонија, дека е лична одлука и одговорност на премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров и дека нема да го потпише. 

Во ТВ-обраќање до граѓаните, шефот на државата рече дека со договорот што вчера беше постигнат и објавен меѓу Заев и Ципрас се  напуштени државните позиции за неменување на Уставот и неприфаќање име за севкупна употреба.

Смета дека е штетен и како таков единствен во историјата на човештвото, со кој се крши Уставот и законите, недостоинствен и донесен нетранспарентно. 

- Владата не смогна сила и храброст за да изградиме заеднички став и консензус. Целиот процес беше нетранспарентен за што сведиочи крајниот резултат. Текстот е поразителен за Република Македонија,  рече Иванов, појаснувајќи дека не се менува само уставното име, туку и преамбулата на Уставот и сите негови членови каде се спомнува Република Македонија. 

Праша дали е достоинствено да се прифатат сите грчки барања и ултиматуми, додавајќи дека со овој договор се отвораат повеќе прашааа отколку што се затвораат и смета дека тој ќе предизвика несогледливи последици  за Македонија и македонскиот народ. ЕУ и НАТО, рече Иванов, не смеат да бидат алиби за штетен договор и тој не го обединува општеството, туку дополнително го поларизира. 

- Грција успеа да си ги исполни максималистичките барања, се деградираат стекнатите права во ОН и се погазува заветот на нашите предци. Се погазува 73-годишното право на самоопределување и 27-годишната  независност. Погазено е се што е свето за Република Македонија, истакна Иванов. 

На крајот од обраќањето тој повтори дека нема да поддржи и потпише, како што рече, ваков штетен текст на договор. 
 

Од: Blagorodna

Време: 14.06.2018 00:43:16

Коментар: Site onie sto ne se koruptirani I ne se lakomi za pari ve podrzuvaat Gospodine Predsedatele Ivanov. Nie sme so vas. Gospod da vi dava zdravje I snaga. So pocit Blagorodna Economides