Македонија

Граѓаните лути, социјалните мрежи вријат - не се согласуваат со ,,Северна Македонија”

Ова е срамота, брука. Имате ли воопшто нешто македонско. Понижувачко. Душмани, предавници, дајте си оставка. Граѓани, професори, јавни личности, актери - револтирани од катастрофалниот договор на Заев и Ципрас. Социјалните мрежи вријат.

13.06.2018 17:28:08
Република Северна Македонија во никој случај не е прифатливо решение за граѓаните. Тие жестоко ја критикуваат актуелната власт, и велат дека нема да дозволат промена на уставното име. 

Дел од граѓаните револтирани пред камерата на Алфа дури и не бираа зборови откако Заев го објави конечното решение за спорот меѓу Македонија и Грција. Велат дека Заев правел се само да ги задоволи барањата на Грција.

- „Ова е срамота, брука. Имате ли воопшто нешто македонско“, „Понижувачко“. „Душмани, предавници, дајте си оставка“. Граѓани, професори, јавни личности, актери, Огромен е револтот во јавноста по катастрофалниот предлог договор на Заев и Ципрас. Социјалните мрежи вријат од коментари со жестоки критики до актуелната власт. 

Дека договорот е катастрофален за Република Македонија предупредува и  некогашниот прв човек на Соросовата фондација во земјава Владимир Милчин, кој е отворен поддржувач на политиките на Заев. Предлогот предупредува тој е понижувачки, особено ако се земе предвид нон пејперот кој го објавија грчките медиуми.

- „Ѓаволот изгледа се крие детали од договорот со Грција. Доколку грчките медиуми не лажат, а македонските го немаат“, критикува Милчин.   

Во коментарите на Фејсбук може јасно да се види гнев во зборовите на граѓаните кои се разочарани од договорот кој Заев и Ципрас треба да го потпишат во Преспа.

Во меѓувреме, група граѓани доцна синоќа спонтано се собраа пред Собранието и преку мирен протест изразија противење на злоупотребата на државните интереси од страна на власта, кои како што велат, ќе паднат на штета на македонскиот народ и држава.

Борис Грујоски