Свет

Што смее, а што не смее да се прави за време на СП во Русија

Вљубените во свиркањето ќе бидат изненадени кога ќе дознаат дека во Русија тоа не се прави во домот. Ако свиркате дома, се верува дека ќе немате пари.

13.06.2018 10:42:18

Доколку патувате во Русија на Светското првенство, веројатно поради сличноста на словенските култури, некои работи ќе ви се чинат познати, па добро ќе се снајдете, но можеби сепак е добро да се знае што Русите традиционално сметаат за пожелно, а што не, за да не влезете во проблеми или едноставно да испаднете смешни.

Порталот „Руски вјесник“ предупредува на Руси да не подарувате ножеви, часовниците или шалови! Имено, шаловите претскажуваат солзи, ножевите - непријатели, а часовниците разделба. Дури и ако сте планирале на Русинка да и подарите скапоцен Хермес шал, таа попрво ќе си го купи сама, само да се поштеди од солзи. Ако сепак некому подарите некоја од тие несакани работи, немојте да бидете изненадени ако ви биде дадена паричка. Секако земете ја,  иако може да ви биде изненадувачки што за скапоцена работа плаќаат со монета. Тоа служи за да создаде илузија дека тоа нешто е купено.

Парите не смеат да бидат дадени или земени во рака! Во Русија може да ви се случи таксист или трговецот да не сака да ги земе парите што му ги давате во рака,и да инсистира на тоа да ги ставите на друго место, на пример на пултот крај касата. Се верува дека парите ја пренесуваат енергијата на сопственикот, па и онаа негативната.

Вљубените во свиркањето ќе бидат изненадени кога ќе дознаат дека во Русија тоа не се прави во домот. Ако свиркате дома, се верува дека ќе немате пари.

Во Русија работите не се подаваат преку праг. Зошто е тоа така, не е сосема јасно, но рускиот мистик и астролог Владислав Облонски објаснува дека во дамнешни времиња во таа земја било вообичаено правта од предците да се чува под прагот, поради што тоа место треба што помалку да се вознемирува. Затоа прагот секогаш се прескокнува, никогаш не се седи на него или не подава нешто над него.

Во Русија некои (празно) веруваат дека не треба да се враќаќате ако сте заминале од дома, а не сте стигнале до целта. Ако сепак се вратите, треба трипати над левото рамо да погледнете во огледало, инаку може да ви се случи несреќа. Се верува дека доколку некој се врати дома, а претходно не  пристигнал на целта, неговата животна сила се намалува, и на прагот го фаќаат зли духови, чие делување може да се поништи само со троен поглед во огледало преку левото рамо.

Ако поаѓате на пат, прво треба малку да седнете. Кога некој заминува, пред самото излегување, сите домашни треба на момент да седнат, потоа да застанат и да се каже „Збогум!", и дури тогаш може мирно да го напушти домот. Познавачите објаснуваат дека тоа е така поради суеверие, според кое домашните духови не сакаат да го пуштат човекот од домот во страшниот и опасен надворешен свет, но кога ќе седне, се чини дека никаде не оди, па ќе ги измами духовите.

Во Русија навечер не треба да се исфрла ѓубре. Не се знае од каде доаѓа оваа забрана, но руските мажи ја сакаат и често им е изговор кога жените ќе побараат да го изнесат ѓубрето.