Спорт

Биелса ќе го тренира Алијоски?

Македонскиот репрезентативец Езџан Алијоски, кој го носи дресот на Лидс во следната сезона најверојатно ќе има можност да работи со легендарниот тренер Марсело Биелса.

12.06.2018 17:58:24

Поранешниот селектор на Аргентина е на најдобар пат да постигне договор со раководството на Лидс и во следната сезона да се обиде екипата да ја врати во Премиер лигата.

Лидс во моментов нема менаџер откако челниците на клубот на крајот од сезоната решија да ја прекинат соработката со Пол Хикингботом.

Шеесет и две годишниот Биелса во моментов е без ангажман откако во декември минатата година ја прекина соработката со Лил, а во текот на кариерата работел и како селектор на Чиле, а имаше одлични резултати како предводник на Атлетик Билбао.