Спорт

Гризман донел одлука, но не ја соопштува

Иако денеска се очекуваше дека Антоан Гризман ќе ја соопшти одлуката за иднината на неговата кариера, но тој ги собра новинарите за да им каже дека не момент да зборува за иднината.

12.06.2018 17:50:29

"Се извинувам, но денеска нема да зборувам за тоа каде ќе ја продолжам кариерата. Знам дека сите очекувавте тоа да го соопштам, но сега не е вистинскиот момент", рече Гризман.

Дваесет и седум годишниот Французин се поврзува со можен трансфер во Барселона, кој би чинел 100 милиони евра, а пред извесно време во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед.