Спорт

Лопетеги нов тренер на Реал Мадрид

Актуелниот селектор на репрезентацијата на Шпанија, Јулен Лопетеги од следната сезона ќе седне на клупата на Реал Мадрид.

12.06.2018 17:42:15

"По завршувањето на Светското првенство Јулен Лопетеги ќе ја преземе тренерската функција во Реал Мадрид", се вели во кусото соопштение што го објави Кралскиот клуб.

Лопетеги две години ја предводеше репрезентација на Шпанија и во овој период имаше рекорден учинок од 14 победи и шест нерешени резултати, а поранешниот голман беше предводник на националните тимови до 19, 20 и 21 година.

Лопетеги како тренер работел во Порто и ја предводел Б екипата на Бетис, а дел од играчката кариера ја минал на Сантијаго Бернабеу и тоа во периодот од 1988 до 1991 година.