Македонија

Избрканите наставници и ја одсвирија ``Ода на радоста`` на битолската градоначалничка

Зошто со ``Ода на радоста``, во пресрет на денешната средба на првата дама на Битола со евроабасадорот Жбогар? Избрканите наставници се надеваат дека тој подобро ќе и` објасни што се европски вредности наспроти тукашната флоскула, ``живот за сите``.

08.06.2018 14:00:38
Живот ли е ова во играње со судбини, влечење за уши и одбегнување на реалноста? Со вакви транспаренти и мини- концерт на ``Ода на радоста`` пред Битолската општина, избрканите наставници и други кадровски профили, седумдесет и пет на број што ги сомле партиската машинерија на актуелната власт и ги остави без егзистенција, денеска на последниот училишен ден, ``Одата`` и`  ја отствирија на битолската градоначалничка која досега ниту еднаш не покажа доблест да се сретне со нив.

- На последниот ден од оваа учебна година, сакаме да им се ``заблагодариме`` на новоназначените директори во градинките, основните и средните училишта, наши долгогодишни колеги ки не ни ги продолжија работните договори, ниту пак ни ги трансформираа работните односи и не оставија со млитаво образложение дека не е до нив. И најголема ``благодарност`` до градоначалничката на Општината Битола, што и покрај толку обиди да се сретнеме, не н`е удостои  со средба, ниту пак со објаснување - рече претставничката на зибрканите наставници Гордана Јоначиќ.

Зошто со ``Ода на радоста``, во пресрет на денешната средба на првата дама на Битола со евроабасадорот Жбогар? Избрканите наставници се надеваат дека тој подобро ќе и` објасни што се европски вредности наспроти  тукашната флоскула, ``живот за сите``.

- Се одлучивме за ``Ода на радоста`` да биде исвирена, бидејќи е химна на Европската унија оти претходно слушавме за животот кој требаше да дојде, дека треба да се почитуваат моралните вредности кои ги претпочита Европската Унија, но ништо од тоа- рече избрканата Марина Стефановска Јовчева.- Сакаме уште еднаш да искажеме голема ``благодарност`` и да кажеме дека само тоа ни остана сега, да си свириме - додаде нејзината колешка Јоначиќ.

Градоначалничката Наташа Петровска јавноста ја удостои со штуро соопштение дека денеска е зафатена поради агендата со Жбогар и наставниците ги упати до нејзиниот кабинет, да бараат прием за идната недела, ни повеќе ни помалку, по четврти пат, веројатно  да се прогласи за ненадлежна во одлуките на директорите од училиштата и градинките, иако најголем дел од нововработените немаат соодветни квалификативи.



Петар Стефановски
 

Izbrkanite nastavnici i ja isvirija"Oda na radosta"na bitolskata gradonacalnicka

Од: Hristo Neshkovski

Време: 09.06.2018 10:23:29

Коментар: Rezil na Vekot,od gradonacalnickata Natasha i nejzinata partija SDSM!Blagodaram

oda

Од: marin

Време: 08.06.2018 18:02:17

Коментар: Sramota sto ova im go napravija na lugjeto, a Petrovska kojznae vo kakov film e vlezena. Zaboravila deka ima izlezeno od obrazovanie?! Odata e vistinskiot odgovor za s`e!!!