Црна хроника

Момче починало додека играло фудбал во населбата „11-ти Октомври“

Дваесет и четиригодишно момче синоќа починало во скопската населба „11-ти Октомври“ откако му се слошило додека играл фудбал.

07.06.2018 10:54:44

Дваесет и четиригодишно момче синоќа починало во скопската населба „11-ти Октомври“ откако му се слошило додека играл фудбал. 

Полицијата денеска соопшти дека синоќа околу 19:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на игралиштето во населбата „11-ти Октомври“, додека Д.К.(24) од Скопје играл фудбал, му се слошило, по што паднал на игралиштето и починал.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

Со согласност на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.