Црна хроника

Единаесетгодишно дете потешко повредено од удар со автомобил во Скопје

Единаесетгодишно дете е потешко повредено, откако било удрено од автомобил во Скопје.

07.06.2018 10:53:24

Единаесетгодишно дете е потешко повредено, откако било удрено од автомобил во Скопје. 

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 13:30 часот било пријавено дека на улица „Втора Македонска Бригада“ патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од А.Х.(57) од Скопје удрил во детето.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Детската хирургија при Комплекс клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.