Култура

Министерството за култура двојазично: Првата вест на насловната страна на веб сајтот на албански јазик

Новиот министер во ресорот култура ги донесе и првите конкретни промени.

05.06.2018 21:06:37
Новиот министер во ресорот култура ги донесе и првите конкретни промени. Вестите на интернет страницата на министерството почнаа да се објавуваат на албански јазик што досега не било пракса. 

Асаф Адеми ја презеде функцијата вчера од страна на Роберт Алаѓозовски и уште тогаш практично го најави ова на што сме сведоци денеска, односно првата изјава ја даде најпрвин на албански па на македонски ајзик. 

Адеми изјави дека со Алоѓозовски разменил мислења и идеи за тоа како да се подобри културниот живот во Македонија, но наместо реформи, првата работа што ја направи е првата вест на насловната страна на министерството е да биде на албански јазик, иако според Уставот во Македонија официјален јазик во државата е македонскиот. 

Адеми шефува во култура како кадар на Движењето Беса, новиот коалиционен партнер на СДСМ во Владата. Адеми во меѓувреме и се екипира со советник, актерот Висар Вишка.