Сцена

Аријана Гранде страда од посттрауматско стресно нарушување

Американската пејачка Аријана Гранде изјави дека страда од посттрауматско стресно нарушување, предизвикано од минатогодишниот бомбашки напад на нејзиниот концерт во Манчестер.

05.06.2018 20:32:39

Американската пејачка Аријана Гранде изјави дека страда од посттрауматско стресно нарушување, предизвикано од минатогодишниот бомбашки напад на нејзиниот концерт во Манчестер.

Аријана Гранде за британското издание на магазинот „Вог“ изјави дека не сака да говори за сопствените трауми од овој настан, бидејќи многу луѓе полошо поминале од неа.

-  Не знам дали некогаш ќе можам да зборувам за тоа без да заплачам, истакна пејачката.

Во бомбашкиот напад загинаа 22 лица и околу 50 беа повредени.