Црна хроника

Убиен Јетнон Реџепи, долгогодишниот бегалец пукал со калашников кон специјалците

По Јетнон Реџепи имаше распишано меѓународна и централни потерници, велат од МВР. Требало да оди во затвор на 26 години и 10 месеци.

04.06.2018 18:31:31
Јетнон Реџепи 38 годишниот одметник и бегалец, осуден на скоро 27 години затвор утрово е убиен од силите на МВР. Специјалците го лоцирале, во неговото родно село Ларце,тетовско. Поучени од претходните пати кога во 4 наврати Реџепи успевал да избега, пукајќи кон полицијата, акцијата за неговото апсење го запалила црвениот аларм за степенот на безбедност да биде на највисоко ниво.

И утринава не било поинаку, дојавата дека специјалци има во селото, стигнала побрзо до Реџепи од полицијата, овој пат специјалците ги чекал со автоматска пушка, ловна карабина, на себе имал и панцир, не дозволил да му влезат дома, со калашников почнал да пукал кон нив. Рачната бомба која ја држел не успеал да ја фрли кон специјалните сили на МВР, кои имале наредба да пукаат доколку нивниот живот е во ризик.  Па наместо лисици на рацете, долгогодишниот бегалец бил неутрализиран.

По Јетнон Реџепи имаше распишано меѓународна и централни потерници, велат од МВР. Требало да оди во затвор на  26 години и 10 месеци. За него од 2000 до 2016 година, тетовското  и скопското обвинителство поднеле 6 кривични за 16  кривични дела: убиство, убиство во обид, грабнување, киднапирање, недозволено држење на оружје, тешка кражба, разбојништво, крадење возила, и тепачки. 



Катерина Гетева