Спорт

Блан пред промоција во Челзи

Раководството на Челзи наскоро се очекува да го именува наследникот на Антонио Конте.

02.06.2018 17:53:42

Според некои медиуми во Велика Британија во следниве неколку дена се очекува официјална промоција на новиот менаџер на Челзи.

Иако во прв момент се сметаше дека Маурицио Сари е првиот избор на клубот од Стемфорд Бриџ сепак се случи пресврт и Французинот наскоро треба да биде именуван за нов предводник.

Педесет и две годишниот Блан како тренер работеше во Бордо и Пари Сен Жермен и во Француското првенство има четири шампионски титули во моментов е без ангажман и може веднаш да почне со работа.