Спорт

Вернер една од ѕвездите на преодниот рок

Младиот напаѓач на Лајпциг, Тимо Вернер е на најдобар пат да стане една од ѕвездите на летниот преоден рок.

02.06.2018 14:59:04

Дваесет и две годишниот фудбалер сезонава во дресот на Лајпциг на 32 натпревари постигна 13 гола и е најефикасен во составот што го освои шестото место во Бундес лигата и повторно успеа да обезбеди настап во европските клупски натпреварувања.

"Се уште сум далеку од интернационална фудбалска ѕвезда. Мои идоли се Левандовски, Суарез и Гризман и јас се уште сум далеку од нив. Ако сакам да освојувам трофеи најверојатно ќе морам да ја сменам средината. На пример Наби Кејта се уште не го обезбедил местото меѓу големите ѕвезди, но верувам дека тоа ќе го стори во Ливерпул. Работам напорно и верувам дека 4-5 години и ја ќе бидам меѓу врвните фудбалери во Европа", изјави Вернер.

Неговиот договор со Лајпциг истекува во 2020 година, а клубот за предвремен раскин во моментов бара 70 милиони евра. До овој момент интерес за Вернер покажаа Баерн, Ливерпул и Милан, а во трката се вклучи и Реал Мадрид, кој неофицијално за младиот фудбалер е подготвен да плати сум од 55 милиони.