Спорт

Хамес сака да се врати во Реал Мадрид

Откако Зинедин Зидан се повлече од тренерската позиција во Реал Мадрид, Хамес Родригез побарал да си замине од Баерн и да се врати на Сантијаго Бернабеу.

01.06.2018 20:09:33

Очигледно дека оставката на Зидан е причината за желбата на Хамес Родригез да се врати во шпанската престолнина бидејќи до вчера тој бараше од Баварците да го откупат неговиот договор со Реал и тој да остане на Алијанц арената.

Дон Балон пишува дека Колумбиецот го контактирал својот агент Жорге Мендеш и побарал да го извести Перез дека тој сака веднаш да се врати во Реал и неофицијално првиот човек на Кралскиот клуб потврдил дека тој во следната сезона ќе носи дресот на клубот од Мадрид.