Црна хроника

Четиринаесетгодишно дете удрено од автомобил во Скопје

Четиринаесетгодишно дете се здобило со повреди, откако вчера било удрено од автомобил во Скопје, соопшти МВР.

01.06.2018 15:12:34

Четиринаесетгодишно дете се здобило со повреди, откако вчера било удрено од автомобил во Скопје, соопшти МВР.

Несреќата се случила вчера во 22 часот на улица „Индира Ганди“. Патничко моторно возило „Опел Зафира“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Г. (38) од Скопје удрило во детето-пешак.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар му биле констатирани повреди и било задржано на Клиниката за трауматологија на натамошно лекување.

Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.