Македонија

Мицкоски : Заев ја фрла на колена сопствената држава, го одзема напредокот и иднината на генерации Македонци- затоа треба да кажеме ДОСТА Е

Штотуку бев во гордата и достоинствена Битола. Одржав состанок и средби со граѓани и можам да кажам со сигурност дека загриженоста за тоа каде се движиме како држава никогаш не била поголема, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на с

29.05.2018 21:12:51
 
Штотуку бев во гордата и достоинствена Битола. Одржав состанок и средби со граѓани и можам да кажам со сигурност дека загриженоста за тоа каде се движиме како држава никогаш не била поголема, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Економски пустош, неработа и неспособност, атакување врз достоинството и честа е сликата за Македонија денес. Порачав дела мора да се знае дека сето ова што денес ни се случува, сето ова што некој ни го приредува, што се пазари, што уценува и договара, распарчува и уништува има име и презиме и се вика Зоран Заев. Тој е човекот кој ја фрла на колена сопствената држава, кој си игра со достоинството, го одзема напредокот и иднината на генерации Македонци. Затоа треба да кажеме ДОСТА Е! Нашата генерација има историска и неповторлива шанса да расчисти со овие остатоци од транзицијата и да ги прати во политичка пензија и на темната страна на историјата, пишува Мицкоски и додава:

„Продаваат гол популизам и замислете се фалат со парите собрани од граѓаните. По основ на акциза собрале повеќе пари, 23 милиони евра, но тоа се парите на граѓаните, кои што ги плаќаат по основ на акциза на горивата кои тие ги покачија, но во суштина тоа се прави за да може да вртат камионите на картелот на власт, за да може Зоран Заев да дава тендери и да никнат повеќе плантажи со марихуана. Не може тоа да се дозволи. Периодот што следува ќе ве заплашуваат, ќе се обидат да го сузбијат Македонецот во вас, за да предизвикаат колективна депресија, нереалното да го престават за реално, лагата за вистина, понижувањето како победа, распродавањето како купување. Но сето ова е потценување на интелегенцијата на народот. Образот е огледало на една личност и ние нема да отстапиме од нашата цел да ја зачуваме и развиеме Македонија, затоа што ова го правиме за нашите соседи, за нашите пријатели, роднини, и ова го правиме за нашите семејства. Со чест и образ, со искрена мисла Македонија да победи“.
 

NEE MOZNO TIE DA RESHAAT NISHTO BEZ =OPOZICIONATA STRANKA I PRETSEDATELOT.??

Од: MAKEDONEC=PATRIOT

Време: 30.05.2018 17:57:43

Коментар: Gin (VMRO) MICKOVSKI; Mise chini oti i Vie nekako kako da neste tuka vo makedonija i nie kako da nesme nikoj i nishto..? Sami si reshavaat ,,Narodot u opshte ne znait shto se prait,,reshavat, odluchuvat,=I DA STANIT NEKOI OD NAS-DA RECHIT;;KOI STE BRE VIE GRCI DA NI GO MENVATE IMETO-I SO PRODADENATA DUSHA-ZAIKO- Nema nishto spas -nego mora da se spremame kako Trojancite-vo staro vreme.! !

Mickovski:Zaev ja frla na kolenja sopstvenata drzava

Од: Hristo Neshkovski

Време: 30.05.2018 02:39:10

Коментар: Navidelina izleguva planot kako da se provne sramnoto promenuvanje na imeto na Republika Makedonija po planot na Frckovski koj javno go kaza pred iden mesec za vreme na Svetskoto fudbalsko prvenstvo!!Spasovski se zakani so nulta tolerancija kon protestite,Gaferi so dvojazicnosta na sostanokot so neviniot Ambasador!!Makedonci shto ocekuvate poveke za ovaa sedmica?Sekako sredbata na Cipros i Zaev ,shto im stana toa?Sekako znaete!Blagodaram.