Македонија

Вучиќ: Македонија на самитот на ЕУ ќе добие само тапкање по рамо

И покрај оптимизмот на владата на самитот на ЕУ во јуни Македонија ќе добие само тапкање по рамо, оценува претседателот на Србија Александар Вучиќ.

27.05.2018 18:06:29
 И покрај оптимизмот на владата на самитот на ЕУ во јуни  Македонија ќе добие само тапкање по рамо, оценува претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Во многу незавидна ситуација се Македонија и Албанија, кои, како што се претпоставува во јуни ќе бидат некако пофалени, да не се каже дека е катастрофа и дека ништо не добиле,  но нема да им се дозволи да ги отворат поглавјата, рече српскиот претседател.

Шпекулациите дека Македонија на самитот нема да добие ништо повеќе од пофалби за напредокот во реформите, се засилија откако во медиумите излезе нон пејпер во кој стои дека неколку земји се против почеток на преговори.  Како причина наведуваат дека во земјата  владее корупција и неефикасни институции.