Македонија

Агенцијата за храна и ветеринарство го кочи стартот на стационарот за кучиња скитници

Штип никако да го реши проблемот со кучињата скитници. Шугави и болни ги има на најфрекфентното место во градот. Штипјани стравуваат за својата безбедноста, посебно за најмладата популација.

27.05.2018 17:40:07
 Штип никако да го реши проблемот со кучињата скитници. Шугави и болни ги има на најфрекфентното место во градот. Штипјани  стравуваат за својата безбедноста, посебно за најмладата популација.

Кучињата скитници се регионален проблем. Само во првите петнаесетина дена од овој месец на штипска инфектологија помош од лекар побарале единаесет лица, а двајца од пациентите поради сериoзноста на повредите биле и хоспитализрани. 
Болните кучиња можт да бидат преносители на разни заразни заболувања, а во штипскиот центар за здравствена заштита веќе се регистрирани и четири кучиња кај кои е дијагностицирано лишманијоза.

Од општината информираат дека тие работат на решавање на проблемот, но работата ја кочат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Стационарот е веќе готов, но само се чека надлежните да ја утврдат состојбата и дадат свое мислење во врска со исполнување на критериумите. Согласно проектот стационарот ќе биде со капацитет од  18 кафези и ќе се простира на 200 метри квадратни, а изградбата на стационарот ке чини над 250.000 денари.


Александра Ристевска