Сцена

Харви Вајстин и се предаде на полицијата во Њујорк

Поранешниот холивудски филмски продуцент Харви Вајстин денеска и се предаде на њујоршката полиција поради обвинение за сексуално вознемирување.

25.05.2018 14:25:22

Поранешниот холивудски филмски продуцент Харви Вајстин денеска и се предаде на њујоршката полиција поради обвинение за сексуално вознемирување. 

Повеќе од 70 жени го обвинуваат соосновачот на студијата „Мирамакс“ и „Вајстин цо“ за сексуално вознемирување, вклучувајќи и силување, а некои обвинувања датираат и од пред повеќе години. 

„Случајот Вајстин“ беше повод за ангажирање на движењето #MeToo, па стотини жени почнаа јавно да обвинуваат моќни бизнисмени, владини претставници и луѓе од светот на забавата за злоставување.