Живот и стил

Ксиаоми потврди: Mи 8 доаѓа на 31 мај

Веќе имаме и официјална потврда дека на настанот на Ксиаоми на 31 мај во Шенжен ќе ја видиме премиерата на смартфонот Ми 8.

23.05.2018 11:45:47
Веќе имаме и официјална потврда дека на настанот на Ксиаоми на 31 мај во Шенжен ќе ја видиме премиерата на смартфонот Ми 8. 
 
Јубилејниот смартфон сигурно нема да биде единствениот нов уред од кинеската компанија, а според гласините, тогаш ќе ги видиме уште Mи 7 (освен ако не бил заменет целосно од Mи 8) и фитнес бразлетната Mи Бенд 3. 
 
Ае разбира, Mи 8 го привлекува вниманието поради својот посебен статус.
 
Очекуваме тој да предложи чипсет Снапдрагон 845, 6-инчен OЛЕД дисплеј со исечен горен дел, 3Д препознавање на лицето, камера со 2х оптичко зумирање и можеби сензор за отпечатоци под екранот. 
 
Во меѓувреме од Кина се појави слика која можеби ја открива цената на телефонот во земјата. Во неа се опишани варијанти со 6ГБ / 64 ГБ и 8 ГБ / 128 ГБ меморија по цена од 2,799, односно 3.199 јуани (373/426 евра).