Живот и стил

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Стивен Спилберг на филмовите „Јура Парк", работи на холограмски диносауруси коишто ќе изгледаат онака како што најновите научни сознанија ги опишуваат.

21.05.2018 10:05:16

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Стивен Спилберг на филмовите „Јура Парк", работи на холограмски диносауруси коишто ќе изгледаат онака како што најновите научни сознанија ги опишуваат.

Новите теории велат дека овие древни животни повеќе наликувале на птици отколку на рептили, па во склад со тоа, трицератопсот ќе биде прикажан во сина боја, а страшниот тираносаурус рекс - со изразено црвени перја, пренесуваат американските медиуми.

Хорнер планира и изложба на холограмските диносауруси до идната пролет.