Македонија

Груевски до судот: надминете ги стравовите и донесете исправна одлука

Груевски во завршните зборови посочи дека колку и судот да е под притисок, заробен и како таков ставен во функција на целта на власта за редефинирање на државата кое го прави сегашната марионетска власт, правдата порано или подоцна ќе излезе на повр

17.05.2018 18:23:16

Груевски во завршните зборови посочи дека колку и судот да е под притисок, заробен и како таков ставен во функција на  целта на власта за редефинирање на државата кое го прави сегашната марионетска власт, правдата порано или подоцна ќе излезе на површина.

- Јас и покрај сите oбјавени новинарски натписи, особено оние на медиуми  кои одблиску и секојдневно го следат судството, и покрај срамните изјави на премиерот и мој повеќе годишен  политички конкурент, кој пред една недела со политички речник во изјава за медиумите веќе најави дека овој суд ќе ме прогласи за виновен, како да сакаше да покаже дека го контролира и управува судот Вас во судот, што пак само даде поткрепа на претходните медиумски натписи, сепак сеуште верувам дека овој судски совет сепак ќе најде сили да покаже интегритет, цврстина, чесен однос кон својата професија, чиста совест и професионално однесување, изјави Груевски.

Тој додаде дека Македонија е пред голем предизвик. Заробена од една марионетска власт. Потребни се мудри и храбри одлуки, но пред се законски. Колку и да некој се соочува со притисоци или неприципиелни понуди, колку и оваа власт да се однесува недемократски и насилнички, сепак, секој од нас носиме индивидуална одговорност, и надворешните притисоци или влијанија, или пак партиски наклоности, треба да се игнорираат, и колку и да се силни, неможе да бидат ничие оправдување за подлегнување под нив, истакна Груевски.

- Евентуална погрешна одлука или одлука прифатена под политички притисок, нема да биде нешто што ќе се памети и зборува само три дена.  Очите на тивкото и во голема мера во моментов заплашено мнозинство, кое посакува само правда и чесни одлуки, а не политички договори меѓу извршната и судската власт, се вперени кон овој суд и кон вас лично.Во тој контекст ќе завршам со уште една мисла на Гоце Делчев: труд и постојанство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.Но, и со една мисла на Аристотел: Тој кој ќе ги надмине своите стравови, ќе ја постигне вистинката слобода, изјави Груевски.