Македонија

Железничко поврзување на Македонија и Бугарија до 2023 година

Железничко поврзување на Македонија и Бугарија ќе се случи до 2023-та наместо претходно најавеното до 2025-та – уверува директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани.

17.05.2018 18:08:26
Железничко поврзување на Македонија и Бугарија ќе се случи до 2023-та наместо претходно најавеното до 2025-та – уверува директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани. Според направените студии, дневно треба да сообраќаат 10 пара товарни возови на релација Скопје - Софија. Во моментов, финишира изградбата на првата делница Куманово – Бељаковце, а за втората ќе се распишува тендер за фирма – инвеститор до крајот на годината.