Македонија

Дудуш и Мустафа му се налутија на Заев што го прими во коалиција и Амди Бајрам

Местото на Амди Бајрам во владината коалиција ги налути останатите ромските партии кои му се лојални на Заев.

17.05.2018 18:09:39
Местото на Амди Бајрам во владината коалиција ги налути останатите ромските партии кои му се лојални на Заев. Бараат премиерот да ја преиспита одлуката, бидејќи како што вели и градоначалникот Курто Дудуш од редовите на СДСМ, не ги гласале граѓаните за да го воскреснат Амди Бајрам. Како што пред неколку дена објави и Алфа, Заев не ги консултирал коалиционите партнери за ниту едно битно прашање, така и за влезот на Амди не добил мислење од ромските партии. Неждет Мустафа од ПЦЕР гневен што Бајрам ги става ромите во еден кош и со секое појавување ги понижува, вели дека не ја исклучуваат опцијата за излез од коалицијата.  Пратеникот Самка Ибраимовски вчера ја нарече „апсурдна“ одлуката на Заев за влез на Амди Бајрам во Влада.