Македонија

Павлопулос и Мицотакис во ист тон: потребна е промена на Уставот

Промена на Уставот е предуслов за решение, но и обврска кон владеењето на правото, затоа што меѓународен договор без уставни измени носи и одговорност за премиерот на соседната земја, вели грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос.

17.05.2018 18:10:48

Во обраќање до претседателката на Естонија, Павлопулос рече дека е потребен договор за името со конкретни гаранции што ќе го елиминираат иредентизмот, бидејќи „ Грција не може да толерира да постојат иредентистички тензии и прекршување на историјата“. Но, најважно за Атина, според Павлопулос, е уставната промена. Во ист тон се огласи и лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Неа Демократиа. - Решението на проблемот со името, треба да биде комплетно, но и едно, а како неопходен предуслов има, не само ерга омнес, туку и уставна промена во соседната земја.

И оваа уставна промена е предуслов за решение, од кое нашата земја не може да отстапи ниту милиметар, вели Мицотактис.