Свет

Каталонија доби нов лидер кој е решен да постигне независност на регионот

Каталонскиот сепаратист Ким Тора кој беше избран за претседател на каталонската регионална Влада во понеделникот, положи свечена заклетва како нов водач на нескротливиот шпански регион.

17.05.2018 17:31:16
Каталонскиот сепаратист Ким Тора  кој беше избран за претседател на каталонската регионална Влада во понеделникот, положи свечена заклетва како нов водач на нескротливиот шпански регион. Неговите барања за независна Каталонија дополнително ќе го продолжат конфликтот со шпанската национална влада. Тора при полагањето заклетва не се заколна на почитување на Уставот на  Шпанија, туку, како што рече, само на „почитување на волјата на каталонскиот народ“. На церемонијата не присуствуваа претставници од шпанската влада, а не беше истакнато ниту знамето на Шпанија.