Македонија

Измешани пораки од Европа - услов е решавање на билатералните спорови но и реформи во ЕУ

Макрон изјави дека тој не е против ново проширување, но за тоа да се случи треба да се спроведат вистински и трајни реформи во ЕУ.

17.05.2018 15:12:15
 Прво реформи во ЕУ, па потоа примање на нови земји членки. Ова е пораката на францускиот претседател Емануел Макрон пред почетокот на историскиот Самит во Софија, меѓу лидерите на 28-те земји-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан. 
Макрон изјави дека тој не е против ново проширување, но за тоа да се случи треба да се спроведат вистински и трајни реформи во ЕУ. 

Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи дека во интерес на Европа е Западен Балкан да биде безбеден и економско добро да се развива.

И австрискиот канцелар Себастијан Курц порача дека гледа добра перспектива за Западен Балкан и негова цел е да ги поддржат сите земји на нивниот пат кон Европската унија. Тој додаде дека во случајот со Македонија, прво треба да го решиме проблемот со името и се надева дека ќе постигнеме напредок.
Ова е најголемиот настан во рамките на бугарското претседателство со ЕУ, состанок во овој формат се случува за прв пат во последниве 15 години. Целта е да се подобрат односите меѓу Западен Балкан и ЕУ, како и меѓу земјите од регионот.


Елена Вришку