Економија

Македонските производи барани во Русија, но неопходно е подобрување на понудата

Македонските производи се барани на рускиот пазар, но за унапредување на пласманот треба повеќе да се работи на нивна промоција и конкурентност.

17.05.2018 18:40:52
Македонските производи се барани на рускиот пазар, но за унапредување на пласманот треба повеќе да се работи на нивна промоција и конкурентност. Бизнисмените велат дека македонските производи имаат добар квалитет и ниска цена, но за полесен и позначителен пробив, мора да се размислува и за заеднички настап на странскиот пазар. 

Македонските компании имаат потенцијал за странскиот пазар, а конкретно Русија увезува над 50% од производите. Земјоделските производи се барани на рускиот пазар. Но за бизнисот да има подобар ефект, производителите мора да се здружат и да се работи кон квалитетен производ, не само кон евтин.

Македонското вино, зеленчук и овошје остануваат во фокусот на рускиот пазар. Домашните фирми очекуваат зголемување на нарачките, а странските коминтенти бараат подобрување на понудата.

За подобар пласман на македонските производи, потребно е да се посвети повеќе внимание и на Online продажбата.

Експертите се едногласни дека земјоделско прехранбениот сектор има добар потенцијали за раст, но потребни се дополнителни вложувања и поддршка од државата. Според нив, кај производството на зеленчук и овошје и на нивните преработки, Македонија има компаративни предности и тоа треба да се искористи, но треба да се воведуваат и нови производи кои ги бара странскиот пазар.

Инаку, професионалци од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка од Македонија, регионот, како и од Русија, ги споделија своите знаења и искуства пред повеќе од 300 менаџери како македонски, така и странски.

Борис Грујоски