Спорт

Симовски го објави списокот за квалификациите за ЕП

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски го објави списокот на играчи кои се во предвид за дуелите со Шведска и Србија.

17.05.2018 13:59:39

Симовски на списокот има 27 ракометарки кои ќе бидат дел од подготовките за последните два настапи во квалификациите за Европското првенство.

На листата се: Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Амра Илјаз, Јована Мицевска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Теодора Керамичиева, Марија Штериова, Александра Боризовска, Душица Ѓоргиевска, Елена Ливриниќ, Леонида Гичевска, Елена Ѓеорѓијевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Милица Николиќ, Мирјета Бајрамовска, Ангела Тодоровска, Мила Трајковиќ, Моника Јаневска, Јована Кипријановска, Марија Тасевска, Јана Калајџиевска, Сања Дабевска.

На 30 мај нашата селекција е домаќин на Шведска, а натпреварот се игра во салата на СРЦ Кале додека на трети јуни во Ниш и гостуваме на Србија.