Спорт

Пари Сен Жермен ќе преговара за Облак

Голманот на мадридски Атлетико, Јан Облак ќе биде една од ѕвездите на летниот преоден рок.

17.05.2018 13:55:15

Според најавите за 25-годишниот репрезентативец на Словенија заинтересиран е Пари Сен Жермен и тој е првата опција за голманската позиција и има предност во однос на Џанлуиџи Донарума.

Облак со Атлетико има договор до 2021 година, а откупната клаузула изнесува 100 милиони евра. Покрај Пари Сен Жермен интерес за Словенецот покажуваат уште Ливерпул, Челзи и Интер.