Црна хроника

Верижен судир во близина на железничката станица во Скопје

Верижен судир на шест возила се случи претпладнево на улица „Никола Карев“, пред поштата на железничката станица во Скопје.

17.05.2018 12:34:16

Верижен судир на шест возила се случи претпладнево на улица „Никола Карев“, пред поштата на железничката станица во Скопје.

Во несреќата нема повредени лица, меѓутоа причинета е голема материјална штета.

Еден од директните учесници во судирот изјави за МИА дека биле преплашени кога виделе како еден од автомобилите се движи наназад кон нив. 

- Тоа беше страшно, во моментот не знаевме што да правиме и како да реагираме, истакна вознемирената жена.

Всушност на возачот на автомобилот, кој ја предизвикал сообраќајната несреќа, му се слошило, по што ненадејно го запрел возилото, се обидел да излезе од него, но не ја кренал рачната сопирачка и автомобилот тргнал наназад.

Полицијата врши увид на местото на сообраќајката.