Спорт

Последното коло во ПМФЛ ќе го одреди патникот во баражот

Се комплетираше на 35 коло во домашниот фудбалски шампионат, во кое во фокусот беше битката за опстанок во најсилната лига.

16.05.2018 21:42:47
Скопје на домашен терен со 1:0 славеше над Победа за три бода со кои двата тима се израмнија по бројот на бодови на 35.

Со тоа се ќе се реши во последната рунда во која Скопје за трирте бода се среќава со  Работнички додека Победа за противник ја има Ренова.

Триумф на било кој од двата состави и пораз на вториот значи и осмата позиција и бараж за победникот додека доколку и Скопје и Победа, освојат по три бода во поповолна ситуација е Победа поради подобриот скор во меѓусебните дуели.

Пелистер пак кој по денешниот пораз од Шкупи од 2:0 е на последното 10 место со 34 бодови ја има најтешката задача во последната рунда со оглед на дуелот со Шкендија.  

Шампионот денеска на градското дерби со Ренова запиша триумф од 3:0 покажувајќи дека и покрај обезбедената титула нема намера да го забави темпото.

На триумф денеска, по пауза од три кола, се радуваше и Вардар откако со 3:2 ја победи Академија Пандев, додека дуелот Силек Работнички заврши без голови 0:0.