Спорт

ЖРК Вардар го крена шестиот пехар во низа

Ракометарките на Вардар со лесна и убедлива победа од 49:24 над Металург ја прославија титулата во домашниот шампионат.

16.05.2018 21:39:57
На денешниот дуел во Спортскиот центар Јане Сандански настапија само две интернационалки но и домашните ракометарки беа доволни за убедливата победа и шестиот трофеј во првенството, одново без пораз. 

За поголемиот дел од ракометарките на Вардар кои во последните пет години доминираа како на домашната така и на европската сцена ова беше последниот натпревар во шампионатот додека составот го очекуваат настапите во Купот и тоа веќе во сабота кога во Јане Сандански се среќаваат со Пелистер.