Спорт

Гвардиола очекувано менаџер на годината во Англија

Предводникот на Манчестер Сити, Жозеп Гвардиола, очекувано е прогласен за менаџер на годината во Англија.

16.05.2018 21:33:58
Шпанскиот стратег го предводеше Сити до титулата во Премиер лигата со рекордни 100 бода, губејќи само 14 во сезоната со 106 постигнати погодоци доби најмногу гласови во изборот на Асоцијацијата на менаџери од земјата.

Во конкуренција за наградата беа и Јирген Клоп од Ливерпул, Шон Дуче, Нуњо Еспирито Сантос, Нил Варнок и Џон Колман.