Свет

Хрвати ограбувале старци низ Данска

Петмина Хрвати се уапсени во Данска под сомнение дека ограбувале постари лица.

16.05.2018 20:10:29
 Петмина Хрвати се уапсени во Данска под сомнение дека ограбувале постари лица. Провалиле во најмалку 25 куќи и делувале организирано. Грабежите ги извршиле меѓу ноември 2016 и 2017 година на повеќе места низ Данска.

Меѓу членовите на бандата се четворица мажи и една жена , а главна цел им биле луксузни куќи и вили од каде краделе накит , пари и лични предмети , што данската полиција ги проценила на над 1,5 милиони круни.