Македонија

Тереза Меј утре во посета на Македонија

Британската премиерка, Тереза Меј, утре ќе допатува во земјава, веднаш по средбата Заев - Ципрас што ќе се одржи во Софија.

16.05.2018 19:50:17

Британската премиерка, Тереза Меј, утре ќе допатува во земјава, веднаш по средбата Заев - Ципрас што ќе се одржи во Софија.  Се очекува да оствари средби со државно - политичкиот врв на Македонија - средба со Заев  најверојатно ќе има во попладневните  часови по враќањето на македонскиот премиер од Софија каде истиот ден тој ќе разговара со својот грчки колега Алексис Ципрас.

Се очекува Заев и Меј да одржат и заедничка прес конференција.  Меѓутоа  засега нема официјална потврда ниту од владата ниту од МНР.

Инаку ова е прва посета на британски премиер во Македонија по 19 години. Претходно Тони Блер како британски премиер беше во Македонија во 2005 година за време на бегалската криза на Косово.