Свет

Белата куќа се уште се надева дека до утре може да се постигне договор за НАФТА

Белата куќа изрази надеж дека се уште е можно да се постигне трговски договор со Мексико и Канада до утре, кога истекува рокот до кој може да се постигне согласност за измени во договорот НАФТА.

16.05.2018 19:07:39

Белата куќа изрази надеж дека се уште е можно да се постигне трговски договор со Мексико и Канада до утре, кога истекува рокот до кој може да се постигне согласност за измени во договорот НАФТА. Доколку договорот остане неизменет, се очекува дека конгресните избори во САД и претседателските избори во Мексико ќе доведат до одложување на било какви промени во НАФТА до следната година.

- Се уште сакаме да видиме нешто да се случи во врска со ова. Разговорите се во тек, ние ги поттикнувам да се оди напред и се надеваме дека нешто ќе се случи, изјави Сара Сандерс, портпаролка на Белата куќа.

Претходно, мексиканскиот министер за финансии Иделфонсо Гуахардо изјави дека времето е премногу кусо да се постигне договор. Канадската министерка Кристија Фриленд рече дека нема планови да отпатува во Вашингтон.